Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска остави пред Министерството за финансии стари панталони со празни и искинати џебови. Како што велат ова е порака дека народот е без пари, а младите се без егзистенција. Тие одржаа прес велејќи дека зголемувањето на даноците ќе ја направи државата уште посиромашна а иднината на сите уште по црна.
-Народот е со празни џебови. За тоа е најзаслужна владата. Ременот дополнително се стега. Сега се предвидува и зголемување на даноците. Зголемувањето на даноци значи ставање на раката на државата во џебот на граѓаните. Црно време за црна сиромаштија, а младите и граѓаните со празни џебови, – истакна Филип Ѓорѓиев од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој ги повика сите млади да го кренат гласот, како што рече, и да се приклучат на протестите на ВМРО-ДПМНЕ.