Младите кои беа на средба со Мицкоски седеа нагрнати со македонски знамиња

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со група млади во Кичево. Дел од нив во текот на средбата која беше во едно кафуле седеа нагрнати со македонски знамиња.

Главниот проблем е иселувањето, власта е без план да ги сочува овие луѓе да си ја градат својата иднина на своите огништа. Жална е сликата кога младите говорат со песимизам за работите и главниот предизвик е како побрзо да заминат. Затоа мораме сега да ги смениме работите, да ги задржиме младите, заеднички да го градиме сонот за Македонија! Заеднички да ја градиме иднината за Кичево и Македонија, напиша Мицкоски по средбата.

Поврзани новости