Облечени во сини маички со натпис „Ти си на ред, и сонцето е исто така ѕвезда“ (It’s yEUr turn, the sun is a star too!) младите испратија порака до Европската Унија, дека време е земјата да влезе во европското семејство . Османи им го отстапи местото на младите да испратат порака до сите еврокомесари.
-Денес им го оставам микрофонот на нив на младите од земјавс затоа што некогаш забораваме да го слушнеме нивниот глас. Да го слушнеме нивниот искрен израз за она кое ние политичаритепремногу долго го повторуваме, рече Османи.
Во пораките се забележа разочараноста на младите кои со години чекаат Македонија да добие е зелено светло за отпочнување на преговорите со Унија.
-На нас младите растени со европската идеја и вредости ни е доста од декларативна поддршка и охрабрување. Потребно е да видиме акција и реални одлуки. Дел од политичаите ќе речат днината е на младите но иднината започнува во сегашноста, а во сегашноста храбри одлуки какви што впрочем ние покажавме дека имаме моќ да ги носиме. Сега е ред на вас“.
Младите посочија дека земјата направила се само за европската, а сега е време евромесарите да одлучат.
-Еврокомесари, европјеци, ние покажавме, докажаме. Ние младите ветивме и одработивме дека веруваме во мирот и во европското заедништво. Ние младите ја завршивме нашата работа.Промените ние кои ги започнавме тешките одлуки и моменти кои ги превземавме на нашите плеќи во име на Европската иднина сега имаат шанса да го видат својот резултат но тоа зависи само од вас и од вашата одлука.
Иако немаше ниту еден претставник на европската унија а ниту пак од дипломатскиот кор, пораките на младите ќе бидат испратени до сите аамбасади. Инаку годинава на 9 мај се одбележувааат и 20 години од потпишување на договорот за асоцијација со европската унија а пак 16 години од како е добиен статусот земја кандидат за членство.