748
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје го испратил 19 -годишниот Никола Ѓорѓиев на пат за Турција.
-Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција. Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување. На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов! – напиша Стефковски.
Ова е приказната на Никола, момчето на кое му е потребна помош од хуманиот народ!