Младиот човек кој синоќа падна од бедемот на Петроварадинската тврдина и почина на лице место е идентификуван како Лазар Ѓ. (30) од Параќин, додека Стефан Љ. (30) е повреден и тој е во тешка состојба, но моментално е стабилен.
Како што е познато, во досегашната истрага е утврдено дека била организирана ергенска забава. Еден од мажите сакал да направи селфи на бедемот на тврдината, изгубил рамнотежа, рефлексно го повлекол човекот кој бил до него и заедно паднале од тврдината, јавуваат српските медиуми.
Се уште се истражуваат сите околности на случајот со трагични последици.
Што се однесува до повредениот пациент, според информации од Клиничкиот центар на Војводина, пациентот Стефан Љ. бил примен на Клиниката за анестезија и интензивно лекување на КЦВ со тешкиповреди, претежно на ‘рбетниот столб и градниот кош.
По првичната дијагноза и итен третман, пациентот е во сериозна, но стабилна општа состојба.
За потсетување, двајца 30-годишни мажи од Параќин утринава околу пет часот паднале од бедемот на Петроварадинската тврдина, потврдија.
Новосадската Итна помош интервенирала на повик на полиција, маж бил пронајден без знаци на живот и бил направен обид за реанимација, но и покрај напорите на лекарите тој починал.