398
Граѓанската иницијатива „Младината на Батинци“ вчера организираше протест пред депонијата „Дрисла“ на кој присуствуваа стотина жители на Батинци. Демонстрантите носеа транспаренти: „Доста не труевте“, „Сакаме чист воздух“, „Остави ме да дишам слободно“.
На собирот беше побарано осовременување или затворање на депонијата, додавајќи дека огромен дел на жителите имаат проблеми со белодробни заболувања, инфекции и рак поради загадувањето, кое сметаат дека доаѓа од „Дрисла“.
„Оваа околина – Батинци, Драчево, Сопиште е многу загадена. Не може да успее ниедна бавча. Луѓето се чудат – како порано можело, а во последното време не. Затоа што сè е загадено – и воздухот и земјата и подземните води“, рече Сених Браховиќ од „Младината на Батинци“.