Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДомa

by fokus

Млади од Македонија креираат мобилна апликација #ChallengerДомa.

-Оваа апликација ќе ги потикнува граѓаните да ги почитуваат мерките, а ќе помогне на компаниите да се рестартираат од Ковид-19“ , порачуваат Теодора, Олга, Стефан и Митко.

Тие се младите од стартап компанијата Challenger кои самите на себе, си поставија предизвик апликацијата да ја лансираат наскоро.

„Епидемијата од Ковид-19 како тим не натера да размислуваме што корисно би креаирале за нашите граѓани и компании, да направиме сите заедно добро за заедницата. Токму така се роди идејата за новата апликација наречена #ChallengerДома, преку која граѓаните ќе ги мотивираме и поттикнеме да седат дома. Инаку, во оваа фаза би сакале да ги повикаме сите компании да се вклучат да бидат дел од апликацијата, се со цел сплотени да ја пребродиме економската криза. Ве уверуваме дека оваа апликација ќе е вин-вин за сите, така што очекуваме да биде прифатена како од граѓаните, така и од компаниите“ велат од Challenger.

Апликацијата #ChallengerДома ќе може да се инсталира на сите паметни мобилни телефони, а поддржана е од Фондот за иновации и технолошки развој.

Поврзани новости