Млади фудбалери од Неготино посадија сто садници: Целта е да се создаде нова насока на размислување!

by fokus

За време на викендот дечиња од два фудбалски клуба во Неготино, ФК Јанг бојс и ГФК Неготино извршија пошумување околу спортската сала ,,Младост”.

Како што за ,,Фокус” раскажа еден од тренерите на младите фудбалери, Орце Ташев, иницијатор на акцијата со пошумување е клубот Јанг Бојс, кој функционира околу десет години.

-Повеќе од 70 деца членуваат во клубот, и решивме да посадиме стотина садници околу спортската сала. Пораката на оваа акција е уште од мали нозе да се создаде една нова насока на размислување.
Се надеваме дека оваа активност ќе стане традиција, која ќе ја реализираме секоја година – ни изјави Ташев.

Спортската сала ,,Младост” е популарно место за рекреација во градот. Во повеќе наврати пред локални избори граѓаните добиваа ветување дека таму ќе се направи парк, па дури и базен и местото ќе се среди, бидејќи е омилена дестинација на оние кои сакаат да пешачат, но и на спортисти и на младината.

Граѓаните ја поздравија акцијата на младите фудбалери.

Вики Клинчарова

Поврзани новости