Младеновски: Автомобилите на Шилегов и на Фрчковски требаше да се “дигнат во воздух”

by fokus

Автомобилите на Петре Шилегов и Љубомир Фрчковски требало да бидат “дигнати во воздух”, непосредно по изборите во 2016 година. Оваа била идеја на високи функционери во УБК, кои имале акција за сузбивање на “државните непријатели”‘.

Ова на денешното рочиште за “27 април” ‘го откри обвинетиот Михаил Младеновски, кој истакна дека упадот во Собранието бил организиран од УБК и од Александар Василевски Нинџа.

Тој истакна и дека Никола Бошковски, вработен во УБК, му дал задача на Нинџа да ги следи обвинителите од СЈО и Кире Наумов, а се смислувале и други планови за справување со “државните непријатели”, според оцена на тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

“Идеја беше и во воздух да се дигнат автомобилите на Шилегов и на Фрчковски, но до тоа не дојде, рече Младеновски.

Поврзани новости