Младенова: Разликата меѓу едните и другите е во методите што ги преземаа за да го замолчат Никола

by fokus

Сопругата на сопственикот на Фокус, Никола Младенов, кој загина во сообраќајна несреќа, Билјана Младенова во вечерашното прво појавување во јавноста на 1ТВ рече дека имало два најтешки моменти за весникот Фокус, а разликата меѓу едната  другата власт биле методите кои ги преземале за да го замолчат Никола.

-На ниедна власт не и било драго да биде критикувана. Разликата меѓу едните и другите е во методите што ги преземаа да го замолчат. Најтешки моменти за Фокус беа периодот од 2004-2005 година и периодот од 2011-2013 година. Во целост го поддржав за одлуката за отворање дневен весник. Но, во тие моменти власта не беше подготвена да има објективна критика на дневна основа. Весникот Фокус имаше строга забрана да се продава во големите маркети. Во маалските гранапчиња беа условувани дека ако го продаваат Фокус, тогаш ќе им бидат повлечени весниците на МПМ, рече Младенова.

Поврзани новости