715
Сопругата на сопственикот на Фокус, Никола Младенов кој загина во сообраќајна несреќа, Билјана Младенова во вечерашното прво појавување во јавноста на 1ТВ рече дека причината за несреќата во која тој загина е неприлагодена брзина.
-Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат фактичката состојба дека Никола загина поради неприлагодена брзина на условите на патот. Луѓето ја изгубија довербата кон сите институции и затоа се подгреваа различни сомнежи. Ќе повторам, причина за несреќата во која загина Никола е брзината, рече Младенова.