Младенов го лоцирале по телефонот, а во истрагата телефонот исчезна?!

by Фокус

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во моментот ја објавува 30-та бомба, од седиштето на партијата. Тој објави неколку прислушувани разговори поврзани со истрагата за смртта на великанот во новинарството, Никола Младенов.

Во неколку разговори, се открива дека Никола Младенов бил лоциран преку мобилниот телефон, но се доведува и во прашање стручноста на истражниот судија кој го водеше случајот.

-Што крие телефонот на Младенов, па мораше да исчезне? Ова е првата причина за отварање на нова истрага. Втора причина е тоа што бил поставен неискусен истражен судија, кој за прв пат водел ваков случај. Дури Иво Котевски признава дека направил неколку утки, кои јавноста не треба да ги дознае, истакна Заев, кој додаде дека од разговорите се слуша дека и УБК одбивала да соработува со истражниот судија.

Во објавените разговори помеѓу министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, со нејзиниот портпарол Иво Котевски и со Мартин Протоѓер, се слуша со кого Младенов се сретнал критичната вечер, а и дека бил лоциран по телефонот, како и за нестручноста на истражниот судија. Според еден од разговорите Јанкулоска му вели на Протоѓер дека Младенов последната средба ја имал со Стевче Јакимовски, а тоа го дознале бидејќи службите во МВР му го проверувале телефонот. Тука на неколку пати се споменува дека Младенов е лоциран по мобилниот телефон, кој пак до ден денеска не е пронајден, или надлежните не сакаат да го стават меѓу доказите.

Меѓу министерката и портпаролот Котески се води и разговор во кој му се потсмеваат на истражниот судија дека не си ја знаел работата, па прашувал дури и каде да го однесе автомобилот на вештачење, зошто не знаел каква е процедурата. Дури Јанкуловска коментира дека и е жал за човекот, за кој со смеење вели дека тешко ќе ја преживее истрагата.

 

Поврзани новости