Младата Менче треба да собере 5.500 евра за да го спаси колкот: Сакам да престане агонијата, да водам нормален живот!

by fokus

За да го спаси својот лев колк, младата Стаменка Трповска треба да собере 5.500 евра и да направи операција во соседна Србија.

Трповска се бори со овој проблем веќе четири години, а нејзиното семејство не е во состојба да ги подмири трошоците за оваа операција.

Како што ни истакна Стаменка, од Воена болница била испратена во Државна болница, со цел да добие конзилијарно мислење за операција надвор од Македонија.

Но, таа одбила да прифати операција од македонски хирурзи, затоа што веќе и нашла приватно решение за нејзиниот проблем.

„Драги пријатели, некои од вас лично ме познаваат и лично знаат со каков проблем се мачам последниве неколку години. Бидејќи веќе не знам што да правам па решив вака јавно да се обратам и да побарам помош за мојот колк кој е во фаза на распаѓање т.е. поточно имам дијагноза коксартроза која се заснова на рскавицата во колкот која е скоро целесно оштетена. Оваа агонија со константни болки и ограничување во движењето е макотрпна работа и од големите болки кои ги имам сум принудена да избегнувам било каква физичка работа. За истиот проблем да биде решен најдовме првиватно соодветна клиника во Србија која истото може по артроскопски пат да го реши за да не дојдам до менување и ставање на вештачки колк. Докторот Александар Црнобариќ е со позитивно мислење и соодветно решение на мојот проблем, воедно да не заборавам да напоменам дека е еден од најдобрите доктори на балканот за таа дијагноза. Инаку неговиот преглед беше детален и убаво објаснет за понатамошно лекување. Операцијата која ќе ја изврши лично тој чини 5.500 евра во кои се состојат операцијата и постоперативен третман. Затоа драги пријатели ве молам вас за помош кој колку може да донира и конечно мојата агонија од претерано силни болки и големо ограничување во движењето да престане и да можам понатаму да живеам нормален живот.
Брат ми неодамна почина, а татко ми не е финансиски способен да ми помогне, па затоа се решив вака јавно да побарам помош од вас“, напиша Стаменка на својот профил.

Телефони за донација:

T – mobile 143 123

Жиро сметка: 270700042513594 
со цел на дознака “донација за Стаменка”

Поврзани новости