430
Младата фудбалска репрезентација се пласираше на европското првенство за играчи до 21 година кое следната година ќе се одржи во Полска.
Вечерва на исполнетата арена „Филип Втори“, пред повеќе од 15 илајди младите репрезентативци ја совладаа Шкотска со 2:0.
Сепак, благодарение на триумфот на Украина на гости против Исланд со 3:2, македонската млада репрзентација го освои првото место во третата квалификациска група и се пласира на завршницата на европскиот шампионат.
Ова е првпат Македонија да се пласира на големо фудбалско натпреварување како што е континенталното првенство.