Млада жена избодена со нож во Велс, училиштата се затворени

by Fokus

Полицијата го преплави велшкото село Аберфан по инцидентот во кој една жена е префрлена во болница, а училиштата и општинските центри во моментов се затворени.

Сите служби за итни случаи се на терен, а полицијата им порачува на луѓето да ја избегнуваат областа.

Британски Индипендент наведува дека се работи за напад со нож кој се случил во близина на училиште.

Според пишувањата на локалните медиуми, полицијата излегла на терен по дојава за инцидентот што денеска околу 9 часот во Аберфан.

Велшката служба за брза помош соопшти дека тимот обезбедил „критична нега на местото на настанот“ пред жртвата да биде однесена во болница во Кардиф.

Околу 14 часот полицијата соопшти дека е избодена 29-годишна жена, додавајќи дека напаѓачот е во бегство и полицијата активно трага по него.

Тие наведуваат дека во нападот жената била тешко повредена, но повредите не се опасни по живот.

„Вооружени полицајци се во областа и бараме од луѓето да ја избегнуваат областа за да можеме ефикасно да се справиме со овој инцидент“, додаде тој.

Портпаролот рече дека едно повредено лице е префрлено во болница, додавајќи дека сите училишта и општински центри во областа „во моментов се затворени како мерка на претпазливост“.

Поврзани новости