441
Вчерва, 10 минути по полноќ било пријавено дека млада кумановка починала на приватна забава, велат од МВР.
„На 22.07.2022 во 00.11 часот во Полициската станица Бит Пазар било пријавено дека во угостителски објект на ул.„Ќурчиска“ починала Љ.С.(22) од кумановско. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека Љ.С. за време на приватна забава, откако излегла од базен го земала телефонот кој бил приклучен на полнач, по што паднала на земја, а во објектот снемало електрична енергија. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција“, додаваат од МВР.