347
Полицијата информира дека вчера млада жена од Гостивар пријавила дека била физички нападната на улица во градот.
Мажот кој ја нападнал жената завршил во полициска станица, а информациите се дека се работи за 40-годишниот гостиварец со иницијали В.Е..
„31-годишната Е.Г. пријавила дека околу 12.30 часот, на улицата Беличица во Гостивар физички била нападната“, објави СВР Тетово.
Се расчистува и се документира случајот.