Млада девојка падна од карпа и загина: Сакала да направи совршена фотографија за Инстаграм

by Fokus

Дваесетгодишна девојка во Австралија загина паѓајќи од карпа додека се обидувала да направи совршена фотографија за Инстаграм.

Ујвала Вемуру заедно со пријателите го посетиле Националниот парк Ламингтон во Квинсленд, при што застанале на познатите водопади Јанбакучи, за да направат фотографии. Ујвала сакала да се фотографира пред рајските водопади, но направила фатална грешка: кога ѝ се лизнал мобилниот телефон, се обидела да посегне по него, изгубила рамнотежа и се лизнала по падина висока околу десет метри пред да падне уште десет метри во дупка.

– Пријателите викаа по неа, но не добија одговор, изјави полицискиот портпарол на американската телевизија ABC. Веднаш повикале брза помош. Беше потребно време за итните служби да извршат проценка на ризикот и да ја најдат.

Спасувачите успеале да ја извлечат девојката дури по неколку часа. Сè што можеа да направат е да констатираат смрт.

Ујвала дошла од Перт да студира медицина на Универзитетот Бонд во близина на Голд Коуст. Во 2018 година, таа била прогласена за една од „најсветлите млади луѓе во Западна Австралија“ поради добрите резултати на факултетот.

Ова не е прв случај да загине млад човек во обид да се фотографира за социјалните мрежи.

Поврзани новости