506
Млада девојка од Скопје деновиве донираше крвна плазма за лекување на заболени од корона вирусот.
Девојката го победи корона вирусот по 17 денови поминати во болница. Потоа, 14 дена беше во домашна изолација. „Фокус“ стапи во контакт со неа, но сакаше да остане анонимна.
Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти. Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.