Млада битолчанка е тешко повредена, излета со возилото од коловозот

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 05.50 часот било пријавено дека во Битола на крстосницата од ул. „Климент Охридски“ и ул. „Солунска“ патничко моторно возило „пежо“ со битолски регистарски ознаки управувано од А.М.(24) од Битола излетало од коловозот.

Во несреќата А.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.

Поврзани новости