Млад возач прегази велосипедист во село Марино

by Fokus

МВР информира дека вчера во 12.00 часот било пријавено дека во с. Марино-Скопско патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од И.П.(24) од Скопје удрило во велосипед управуван од В.К.(70) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градската општа болница „8. Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Поврзани новости