68
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи – Ивица Дачиќ денеска изјави дека дваесет и двегодишниот Алекса Милојевиќ извршил тројно убиство во неговата семејна куќа во градот Књажевац.
„Дваесет и двегодишниот Алекса Милојевиќ попладнево во својот семеен дом во Књажевац го изврши тројното убиство на својот татко, дедо и баба. Дедото бил неподвижен, а таткото и бабата биле тешко болни. Убиството го извршил со ловечкото оружје на дедо му. Лицето е лишено од слобода и го признало делото, а на полицијата и рекол дека повеќе не можел да се грижи за нив“ – изјави Дачиќ.
Како што дознава „Телеграф.рс“, убиени се M.M.(81), С.M.(83) и П.M. (60).