462
Рано утринава во 01.30 часот од угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле П.Ѓ.(27) од Пехчево, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
Според информациите на МВР, тој претходно агресивно се однесувал и кон присутните во објектот, притоа лажно се претставувал и барал од гостите и вработените да се легитимираат.
По целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.