Млад охриѓанец тешко повреден во сообраќајка, со мотоциклот удрил во „голф“

by Fokus

МВР информира дека денеска околу 06.20 часот било пријавено дека на ул. „АСНОМ“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хамачи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од К.С.(20) од Охрид и патничко моторно возило „голф’’ со охридски регистарски ознаки, управуван од П.Ч.(53) од с. Коњско, Охридско, соопшти МВР во дневниот билтен.

По несреќата возачот на моторциклот К.С. бил пренесен во Специјална болница „Свети Еразмо“ во Охрид, каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа до СВР Охрид.

Поврзани новости