Млад крушевчанец излетал со автомобилот од коловозот, тешко повредени се двајцата сопатници

by Fokus

МВР информира дека вчера наутро во 07 часот во Полициската станица Демир Хисар било пријавено дека на регионалниот пат Битола – Демир Хисар, на место викано „Чагор“, патничко возило „фолксваген шаран“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(19) од Крушево, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле неговите сопатници М.К.(18) од с. Врбоец, Крушевско и П.Р.(45) од Крушево, констатирани во Клиничка болница Битола.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Демир Хисар.

Поврзани новости