Млад Данец се запали пред американската амбасада во Копенхаген

by Fokus

Осумнаесетгодишник денеска се запалил пред американската амбасада во данскиот главен град Копенхаген, соопшти полицијата.

Данскиот државјанин е префрлен во болница и е свесен, објави полицијата на Твитер. Очигледно е дека е во стабилна состојба, јавуваат тамошните медиуми.

Данската новинска агенција Ritzau објави дека персоналот на амбасадата во областа Остербро ја известил полицијата за инцидентот денеска рано наутро.

Причините за чинот на младиот човек се уште не се јасни.

Поврзани новости