280
Белградската полиција започна потрага по непознат млад човек кој ноќта меѓу саботата и неделата по расправија и тепачка со чекан го удри В.Р. (16). Тинејџерот во болница го донела неговата мајка.
Kaj В.Р. биле констатирани повреди на главата во вид на згмечен череп. Според српските медиуми, полицијата објавила потрага по сите учесници во овој настан.
-В.Р. бил со другар во центарот на Белград. Во саботата околу 20 часот во еден момент дошла група млади момчиња. По расправија и тепачка, еден од нив го удрил со чекан во главата и побегнал. В.Р. ја повикал мајка му, која го однела во болница“ изјавил неименуван извор за Телеграф.рс.
За случајот е информирано и надлежното обвинителство за малолетници во Белград.