Млад бугарски министер се снима и фали, јавноста се сомнева дека бил дрогиран

by fokus

Бугарскиот министер за култура Атанас Атанасов го направи првото селфи откако е на функција, заблагодарувајќи им се на сите што се сетија да му го честитаат роденденот.

-Благодарам на сите што ми пишавте за мојот роденден.Немате поим колку ме израдувавте, колку вера и храброст ми дадовте.И знам дека не сум тука веќе некое време, имам многу да споделам со вас и ветувам дека ќе го сторам тоа наскоро и ќе продолжам да го правам тоа од сега па натаму. Така драги другари до неодамна. Среќен петок, среќен викенд и ќе се видиме“, им посака на фановите триесет и двегодишниот Атанасов.

По видеото следуваа коментари на социјалните мрежи со тврдења дека министерот бил издрогиран кога ја снимал селфи- пораката и се бараше негова оставка. Денеска Атанасов сними ново видео, и кажа дека нема да си поднесе оставка.

Тој кажа и дека фокусот требало да биде на друго место, а видеото не е случајно, туку намерно снимено.

Поврзани новости