949
Вчера попладне, 26-годишен битолчанец загина откако управувајќи го својот електричен тротинет, имал судар со автомобил.
„На 29.07.2020 во 13.49 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола, во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола. По незгодата О.П. бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде им подлегнал на повредите. Увид е извршен од увидна екипа на СВР Битола, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција“, велат од МВР.