593
Битолската полиција привела 23-годишен жител на градот, кој откако доцна синоќа бил запрен од полициска контрола, ја спуштил рачната кочница од возилото и удрил во полицајка, соопшти СВР Битола.
Настанот се случил утрово во 3,30 часот на улицата „Ѓорѓи Наумов“. Oткако било запрен, возачот ја спуштил рачната кочница и возилото продолжило да се придвижува и удрило во полициската службеничка, по што тој ѝ се заканувал.
Младиот битолчанец е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, додаваат од СВР Битола.