Млад беровец си ја запалил куќата, бил во лоши односи со семејството

by Fokus

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Г.Д. (21) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Полициските информации се дека на 17.03.2023 во село Митрашинци, Беровско, поради нарушени семејни односи, пријавениот предизвикал пожар во сопствената куќа во која било присутно неговото семејство, загрозувајќи ја нивната сигурност.

Поврзани новости