Мизрахи: Нема да дозволам оваа анкетна Комисија да се претвори во парасудски орган

by Fokus

„Нема да дозволам оваа анкетна Комисија да се претвори во парасудски орган, ние ќе бараме политичка одговорност за скандалот Онкологија. Знаеме дека тоа е трагедија. Верувам дека ова ќе е првата анкетна Комисија која ќе ја заврши задачата која што е утврдена – ќе утврди наоди и ќе предочи решенија“ рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи по завршувањето на првата седница од собраниската анкетна Комисија формирана за случајот Онкологија.

На новинарски прашања, таа рече дека анкетната Комисија ќе работи секој ден, ако тоа го побарува темпото.

Мизрахи на прес-конференција на прашање што очекува рече „очекувам заклучоци за вистината, дали има или нема одговорност и, ако има, чија е таа. Побитно е да имаме заклучоци кои ќе поведат начин да има системски решенија за да се превенираат вакви скандали и трагедии во иднина“.

Во меѓувреме таа ќе ги викне и поранешните министри за здравство Беким Сали и Венко Филипче затоа што смета дека членовите на комисијата треба се информираат не само од наодите на актуелниот министер, туку и од неговите претходници.

Поврзани новости