729
Новата пратеничка од ВМРО ДПМНЕ и поранешна техничка министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргна кон Крушево, по повод празникот Илинден.
Мизрахи објави фотографии на својот профил на Фејсбук посочувајќи дека и било чест што ја предводи коњаницата.
„Во чест на Илинден заедно со коњаницата „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ тргнавме од Зубовце до славното Крушево. Ги пренесуваме спомените за славните Илинденци и како се сака Македонија. Голема е честа да ја предводам коњаницата! Нека ни е лесен патот низ македонските планини до Мечкин Камен!“,напиша таа.