Рашела Мизрахи, поранешната министерка за труд и социјална политика во техничката Влада од редовирте на ВМРО-ДПМНЕ, денеска на фејсбук се пожали дека оваа власт долго се обидувала да ја замолчи, па дури и ја пресретнувале и луѓе со качулки на главата.
„Долго време молчев на темава од причина што не сакав да посветам внимание на оние кои мислат дека со сила можат да ме заплашат и замолчат. И не само што не ме замолчија, туку ме направија уште поодлучна и похрабра. Денес, конечно е време и јас ќе проговорам за сите обиди да ме замолчите и да ме заплашите, иако ваквите обиди датираат од поодамна, ги преминавте сите граници.
Денес ќе зборувам гласно затоа што антисемитизмот и вербалните напади, преминаа во писмени закани, следење, пречекување пред влезот во кој живеам и тропање по влезната врата од мојот дом во раните утрински часови…