Разрешената министерка за труд и социјална работа, Рашела Мизрахи на прес конференција порача дела малку од граѓаните имаат надеж и верба во оваа ситуација, упатувајќи апел луѓето да останат дома.
„Стигнавме до момент кога никој повеќе не верува, малкумина имаат надеж, а вистината е реткост. Алчноста ги извади оградите ветувајќи живот за сите но донесоа ѕидови од омраза бранејќи се од народот. Донесоа цинизам и демагогија проткаени низ бессрамно продавање лаги и ни наредија да ги викаме демократија додека трае нивната автократија.
Почитувани сограѓани, се чини дека ја водиме најголемата битка во нашите животи. Лажната самопрогласена елита има компас само за себе, а срам ни за себе. Безсистемноста која ја создадоа ќе посегне по повеќе животи од невидливиот непријател“, истакна Мизрахи.