Мизрахи ја обвини својата заменичка дека ја блокира нејзината работа

by fokus

Дополнителниот заменик-министер Санела Шкријељ креира упад во нормалното функционирање на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), соопшти Кабинетот на министерот за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

– Санела Шкријељ вон законски рамки ја блокира работата на министерот во МТСП,  го спречува нормалното функционирање на МТСП и нормалното движење на документите низ институцијата. Санела Шкријељ со нескриена партиска агенда врши притисок и мобинг врз вработените во МТСП. Последниот истап на Санела Шкријељ е директно влијание и забрана која излегува од законските рамки да спречи архивирање на документи потпишани од Министерот за труд и социјална политика и нивно понатамошно спроведување и постапување по нив во рамките на работата на МТСП, се вели во соопштението.

Поголем дел од центрите за социјална работа под МТСП, како што се посочува, извесно време функционираат со вршители на должност на местото директори, преку овластувања издадено од претходниот министер.

– Воедно, ваквото делување и демонстрирање сила, отвора сомнеж за намерно блокирање на процесите на работа на МТСП, но и обид за сокривање на претходни недоследности од минатиот министер. МТСП не смее да дозволи нефункционирање на сопствениот систем што би довело до последици кои директно ги чувствуваат граѓаните на Република Македонија. ​Вработените во МТСП не смеат да бидат жртви на партиската агенда на СДСМ и нивниот кадар дополнителниот заменик – министер во МТСП, Санела Шкријељ, се вели во соопштението од Кабинетот на министерот за труд и социјална политика Рашела Мизрахи.

 

Поврзани новости