Мизрахи го потсети Заев дека се колнел во своите деца дека нема да го менува името, а тој пак и реплицираше дека користела искривоколчени тези

by fokus

Пратеничката Рашела Мизрахи од собраниската говорница читаше стари изјави од лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потенцирајќи дека Заев се колнел во своите деца дека нема до побара промена на Уставот, за промена на уставното име.

-Сега ќе се откажеме од Гоце Делчев? – праша Мизрахи.

Таа потенцираше дека животниот стандард на граѓаните не се зголемува, туку само дивоградбите. Праша и каде се инвестициите и дека власта дополнително се задолжила.

Заев пак и возврати дека се користела со искривоколчени тези.

-Оваа што го пласирате се искривоколчени тези и тие веќе не поминуваат. На изборите граѓаните ви потврдија каде ви е местото. Ништо не направивте во светот за да не не викаат ФИРОМ. Сега сме Македонци и дома и надвор. Трубевте лаги со сите можни труби, но тоа веќе не поминува, реплицираше Заев.

 

Поврзани новости