Мизрахи го информирала Тимоние за предизивиците со кои се соочува како жена министер

by fokus

Борбата против поделбите и сегрегација во општеството по основ на религија, етничка припадност и останати основи се дел од темите на кои се разговараше на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, соопштија од Министерството.

Францускиот амбасадор се интересирал за функционирањето на администрацијата за време на техничката влада, како и за ефикасноста на Пржинскиот договор на влада за организирање на фер и демократски избори и за потребата за негово унапредување.

Министерката Мизрахи го информирала амбасадорот за сите предизвици со кои се соочува таа како министер, но и како жена во период на функционирање на техничка влада, но и во услови на големи поделби во општеството.

Двајцата соговорници, соопшти прес-службата на МТСП, заеднички ја потврдиле важноста и заложбите за унапредување на родовата еднаквост и потребата од идна соработка во превземање на афирмативни мерки за зајакнување на местото и улогата на жените во општеството.

Поврзани новости