398
Култниот македонски бенд ,,Мизар” ќе одржи концерт во Белград. Настанот ќе се случува на 16-ти декември, во Дом на млади.
Ова е нивни настап во српската престолнина по седум години пауза. Гостуваа во Белград во 2015 година, како предгрупа на Мерлин Менсон.
Бендот е оформен пред околу 40 години. Зад себе има пет албуми, а шестиот ќе биде промовиран пред белградската публика.
Летово имаа мини турнеја и гостуваа во Љубљана, Загреб и Риека.
Вики Клинчарова