586
За ситуацијата на грчко – турските копнени и морски граници, премиерот на Грција, Кирјакос Мицотакис го информирал претседателот на САД, Доналд Трамп во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис „го истакнал неотуѓивото право на земјата да ги брани своите граници“.
-Претседателот Трамп го призна правото на Грција да ги спроведе законите на нејзините граници, соопштуваат од кабинетот на Мицотакис.