Мицотакис: Ципрас е недостоен премиер, го дели народот!

by fokus

Претседателот на грчката опозициска партија Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис, упати остри критики кон грчкиот премиер, Алексис Ципрас, велејќи дека е „недостоен премиер“, кој го дели народот, поради неговиот став изразен пред Макрон и Анастасиадис дека оние кои учествуваа на демонстрациите против Договорот од Преспа се „екстремно десничарски популисти“.

-Вчера, господинот Ципрас, повторно се осмели да ги навреди Грците. Оние кои реагираат за Договорот од Преспа, ги карактеризираше, не само како радикални десничари, туку и дека не размислуваат. И тоа го стори дрско и неодговорно пред странски лидери. А на господинот Заев, кој инсистира Скопје да го нарекува Македонија, не најде збор да му каже. Не е само малцински премиер. Тој е недостоен премиер, кој го дели народот. Грците ќе останат обединети, горди и достоинствени. И наскоро ќе му го дадат одговорот што го заслужува, порача Мицотакис.

Поврзани новости