Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по средбата со неговиот романски колега Николае Чиука за време на официјалната посета на Романија, изјавил дека се залага за што е можно поскоро свикување на првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија.
-Имавме можност да разговараме за случувањата на Западен Балкан. Апсолутно се согласуваме дека местото на Западен Балкан, на сите држави од Западен Балкан е во Европа и можеме да работиме заедно за да го олесниме овој тек. Се согласивме да работиме заедно за што е можно поскоро да се свика првата Меѓувладина конференција за Албанија и Северна Македонија, порача Мицотакис.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Грција, Александрос Папајоану на редовниот брифинг со новинарите, ја потврдил поддршката за европерспективата на Западен Балкан.