Грција во овој момент нема да го открие оружјето со кое располага за да одговори на евентуалната упорност на раководството на соседната земја во актуелната тактика“ рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на прес-конференцијата во Вашинготн, по завршувањето на самитот. Тој ги повтори позициите на Грција дека е неопходно целосно почитување на Преспанскиот договор и дека е клучна употребата на уставното име и во внатрешноста на земјата.
„Имав можност да ги информирам моите колеги за фактот дека премиерот на Северна Македонија избра да не го применува клучниот член од Договорот во врска со името на соседната земја против сите и да ја нарече својата земја „Република Македонија“, што е јасно забрането со Договорот“ изјави Мицотакис.
Тој рекол дека Мицкоски сепак во просторијата и во присуство на сите лидери на НАТО, не ја следел оваа тактика и го користел уставното име на својата земја – Северна Македонија.
Тој нагласи дека договорите мора да се почитуваат и дека тоа го кажал и на Пленарното собрание на НАТО.
„Сакаме Северна Македонија да преземе чекори кон европски пристап. Но, она што претпоставува почитување на меѓународното право и почитување на договорите кои земјата очигледно ги има потпишано, верувам дека раководството на Скопје ќе го разбере“ порача грчкиот премиер.