Мицотакис ќе побара распуштање на парламентот, избори во мај!

by Фокус

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис претпладнево ќе се сретне со претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, и ќе побара распуштање на Парламентот.

Според изборниот закон во Грција, по овој чин започнуваат соодветните процедури за парламентарните избори што треба да се одржат на 21 мај, а Грција и официјално влегува во предизборен период.

Претседателката Сакеларопулу ќе потпише претседателски декрет за распуштање на Парламентот, а одлуката во текот на денот ќе биде закачена на влезната врата на Парламентот.

Потоа, партиите и официјално ја започнуваат четиринеделната предизборна кампања, која неофицијално веќе е во тек имајќи предвид дека партиските лидери ги интензивираа посетите низ цела Грција.

На крајот на март, грчкиот премиер Мицотакис соопшти дека изборите во Грција ќе се одржат на 21 мај 2023 година.

Поврзани новости