Ограничување на негативните последици од Договорот од Преспа и европската перспектива на Западен Балкан се дел од итните приоритети на новата грчка влада на чело со Кирјакос Мицотакис во надворешната политика.
Новиот грчки премиер Мицотакис на денешната прва седница на Владата на секој од министрите им подели по еден син коверт/папка што се однесува на целите на секое министерство, но и на нерешените прашања и на обврските што ги остави претходната влада.
Што се однесува до Министерството за надворешни работи, стратешки избор е „зајакнување на позицијата на Грција во светот”, но и зајакнување на врските на земјата со традиционалните сојузници и истовремено одржување на отворените канали за комуникација и меѓународната соработка под услови на меѓусебнопочитување и интересстабилизација на земјите од Западен Балкан преку промоција на нивната европска перспектива.