Мицотакис: Договорот од Преспа е испочитуван, но се уште имаме проблеми со имплементирањето

by Fokus

Договорот од Преспа е испочитуван, но се уште имаме проблеми со неговото имплементирање како трговските марки и сопствеништвото на брендот, даваме поддршка за евроатлантската иднина на земјата, изјави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на дебата во Вашингтон.

– Им помагаме на грчките компании да ги заштитат трговските марки „македонски“, и работиме систематски на тоа. Но, истовремено кажавме дека ќе го предводиме Западниот Балкан во ЕУ и сакаме грчкото влијание и интереси кај северниот сосед да бидат земени предвид, рече Мицотакис на дебата во Атлантскиот совет во Вашингтон.

Притоа, посочи тој, потребен е отворен пристапен процес со Унијата.

– Не треба да им ја затвориме вратата в лице, истакна тој, посочувајќи дека го поддржува пристапувањето и оти е разочаран од ветото на Франција за отварање на преговорите со Северна Македонија.

За пристапувањето на Албанија во ЕУ пак, истакна дека постојат некои услови како признавањето на правата на грчкото малцинство во таа земја.

– Дали се тоа сопственички права, или учество во социјалниот и културниот живот на земјата, не прифаќаме незаштитени права на грчкото малцинство во Албанија, порача Мицотакис.

Поврзани новости