539
Добрососедските односи се единствениот пат за европска перспектива на Северна Македонија и Албанија, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на Самитот ЕУ- Западен Балкан.
Тој, како што информираат од неговиот кабинет, ја истакнал потребата да се одржи жива европската перспектива на Западен Балкан, меѓутоа ја повикал македонската Влада да ги почитува обврските што произлегуваат од Договорот од Преспа.
Во однос на Албанија, пак, Мицотакис рекол дека е направен напредок, но сепак очекува чекори од албанската Влада за заштита на правата на грчкото малцинство.