569
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека земјите членки на ЕУ не одговориле на барањето да преземат 3.000 малолетни мигранти без придружба кои моментално живеат во прифатни центри и други објекти во Грција.
Тој во Парламентот рече дека немало одговор на барањето на неговата Влада, додавајќи дека земјите партнери „не биле чесни во овој случај“.
Мицотакис го претстави планот на неговата конзервативна Влада за надградба на системот за давање азил и прием на мигранти во Грција, со кој се предвидува околу 20.000 мигранти до крајот на годината да бидат префрлени од грчките острови на копно, и формирање центри за притвор за да се забрза нивната депортација назад во Турција.