Мицковски посакува стабилност, напредок и правда во годината што следи

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски во новогодишно обраќање посакува во годината што следи да има стабилност, напредок, правда и добар стандард за граѓаните.

– Новата година е и инспирација. Момент на топлина, визија, позитивен амбиент и голем елан. За желбите да станат стварност треба да се бориме, но  и да веруваме. Јас ќе се борам до крај, бидејќи верувам во идеалот на обновата. Верувам дека вие и вашите деца треба да сте среќни, да имате добар стандард, стабилност, напредок, правдата да царува, а државата да се грижи за вас. Тоа е обновата. Тоа го посакувам. И тоа ќе го остварам, заедно со вас и пред се за вас, за мојот народ.

Годината што изминува, Мицковски ја оценува како година на неправди, лаги и корупција, а во следната очекува промени кон подобро, економски бум и влегување на Европа во Македонија во, како што вели, во вистинска смисла на зборот.

Поврзани новости