Премиерот Димитар Ковачевски на ВМРО-ДПМНЕ му понуди Парламентот да почне дискусија и да се изгласа потреба од измени на Уставот, а потоа да биде формирана Влада во која ќе учествува и ВМРО-ДПМНЕ и ќе добие пет од десетте ресори кои се сега на оваа партија, изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по лидерската средба во Клубот на пратеници.
Тој објасни дека Ковачевски предложил по формирање на ваква Влада да завршат измените на Уставот и да почнат преговори со Европската Унија, при што да бидат затворени неколку поглавја. Таа Влада според предлогот на Ковачевски треба да го води процесот за парламентарни избори.
„На овој предлог оговорив дека ја разбирам понудата и имам следен став: ВМРО-ДПМНЕ е подготвен да влезе во Влада со СДСМ и останатите партии, но без ДУИ. ВМРО-ДПМНЕ е подготевена да учества во истата Влада, а избори подготвува техничка влада. Евентуални уставни измени да важат од денот кога ќе почне ратификацијата на пристапниот протокол на 27 земји членки на Унијата. Тој тоа го протолкува како кршење на преговарачката рамка. Тогаш му реков во ред да одиме на предвремени парламентарни избори, и да формираме влада на широко национално единство без ДУИ“, изјави Мицковски.
Мицковски кажа дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени во вакви услови е непроменет.
„Ставот е ист и непроменет и покрај бројни шпекулации дека се обезбедени 80 пратеници, дека се преговара со незнам колку пратеника. 44 пратеници на коалицијата предводена од ВМРО_ДПМНЕ стојат на ставот дека уставни измени под бугарски диктат на ваков начин ние нема д поддржиме и тоа беше јасно кажано на средбата со Ковачевски“, рече Мицковски.
Тој рече дека е поддготвен да разговара со неколку премиери на земји членки на следниот состанок на Европскиот совет да изгласат потврда и гаранција дека не се загрозува македонскиот вековен идентитет, традиција, обичаи и македонскиот јазик.
„Да видиме дали е тоа така како што велат и со тој документ да дојдеме пред ,македонските граѓани и да кажеме еве овој пат Европа застанува зад многу вековниот македонски идентитет, култура, традиција обичаи, македонски јазик и дека ЕУ има јасна цел Македонија да биде дел од европското смејество. Потоа да побараме економски пакет за граѓаните и за бизнисот да биде подготвен и да биде конкурентен на европскиот пазар. Една од темите беше и за добрососедските односи. Би сакал да бидам добар сосед со Бугарија, но очекувам и тие да бидат добар сосед со нас. Од оние завршени 14 судски случаи пред европскиот суд, од кои шест се конечни Бугарија да одбере три и да ги имплементира . За нив постои предупредување до Бугарија од Советот на министри дека ќе следат санкции ако не постапи по нив. Ако примени три ќе речеме дека добро е од Бугарија има добрососедски намери и нашинците што живеат таму ќе почувствуваат дека некој стои зад нив“, рече Мицковски.